Проектот на „Платформа“ ја доби наградата во конкуренција на 160 различни архитектонски труда. Низ разговор со младиот тим на студиото се обидовме да го откриеме клучниот момент кој придонесе комисијата да го награди нивниот проект за административно-деловниот објект „Мебо“ во Штип. „Мислам дека клучот е во нашиот приод кон работата, кон проектите, лесно и едноставно, секогаш со повторни промислувања на основните постулати за тоа што во суштина треба да го понуди архитектурата.
Целокупната идеја на SDW 2011 беше амбициозен микс на иновативни дисциплини, со спектар кој опфаќа продукт дизајн, мода, фотографија, филм, музика, театар, накит, современа визуелна уметност и прашања поврзани со бизнис менаџмент во доменот на уметноста и културата.
Идејата-очигледна. На Скопје му требаше овој настан.Главните 3 теми на овој настан беа: Егзибиции, Работилници и Целна земја-Финска. Траекторијата за исполнување на таа цел, ја поплочија имиња како Eduard Cehovin, Rene Wawrzkiewicz, Karel Misek итн.
Со преку 200 учесници од повеќе од 10 земји, 12 креативни работилници, 36 комерцијални егзибиции и 6 концерти на регионални бендови се обележа ова издание на SDW. Победници на ова издание беа "Skopjeposter Money for free" со нивните соло егзебиции.
Лидерство-Лидерство по дизајн е кореографирано патување за трансформација на себе, бизнисот и општеството, базирано врз клучните пракси на генеративен дијалог, присуство во сегашниот момент и ко-креација..
Целта на шетото издание на SDW беше "цутот на креаторите" со дополнителни цели за охрабрување и поддршка на новите аспиративни брендови за подобро нивно воспоставување на домашниот и странскиот пазар.